Македонскиот репрезентативец Никола Костески со неговиот Талент Плзен се на добар пат да обезбедат место во полуфиналето во плејофот во Чешка.
Плзен го доби и второто соочување со Фридек-Мистек, овојпат со 33:23 и со водство од 2-0 ќе го дочека третиот натпревар во оваа серија закажан за 29 март на теренот на противникот.
Домаќините уште во првиот дел стекнаа убедлива предност од шест голови разлика (18:12), па со оглед на разликата на квалитет во вторите 30 минути рутински ја завршија работата.
Македонското крило Костески го задржа просекот и на овој меч каде постигна четири голови како и на вчерашниот меч. Лидер на листата на стрелци беше Блаха со седум реалиации.