Македонскиот фудбалски репрезентативец ги одигра сите три средби за Македонија од мини циклусот квалификации за Светско првенство. Играше во силно темпо сите 90 минути и воопшто не се штедеше.

Веднаш штом се врати на клубските обврски одработи тренинг со соиграчите од Наполи а веќе утре е големото дерби против лутиот ривал од северот на Италија, Јувентус.

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети оваа сезона не може да го замисли својот тим без Елмас па така и за оваа средба е најавен во почетните единаесетмина.

Инаку младиот играч на Барселона Педри минатата година одгигра рекорден број натпревари.Тој на клубски и на репрезентативен план одигра вкупно неверојатни 72 натпревари.