Сара Ристовска, една од нашите најдобри ракометарки се наоѓа во топ – форма во пресрет на ЕП, кое се игра во Скопје. Имено таа имаше одличен настап за својот тим ЦСКА Москва во меч од 4.коло во елитната лига на Русија. ЦСКА Москва славаше со 41:28, а нашата Ристовски успеа да постигне осум голови.

Секако дека ова е добра вест за сите во нашиот национален тим ако се знае дека токму Сара ќе биде една од нашите адути на претстојното ЕП.