Уникс Казан за кого настапува македонскиот плејмејкер на домашен терен го совлада Локомотив Кубан со 83-75. Ова беше доста интересен меч, кој тимот на Димитријевиќ го доби во последната четвртина, во која беше подобар со 19-9.
Нашиот најдобар кошаркар во игра мина нецели 29. минути за кои постигна 15 поени (1/5 за три, 5/10 за два и 2/2 за еден поен), зад своето име додаде уште седум асистенции и еден скок. Нено беше втор стрелец во редовите на Уникс.
ЦСКА на Емил Рајковиќ имаше далеку полесно задача, на гостински терен славеше со убедливи 75-102.