Станува збор за српскиот репрезентативец Дејан Давидовац (27 години), за кого ова ќе биде прво интернационално искуство, а кој годишно ќе заработува 800.000 евра.
„Дејан е универзален играч, одличен на повеќе позиции во тимот. Неговиот најголем квалитет е кошаркарската интелигенција, продорот и играта во одбрана. Како играч на Црвена Звезда никогаш не беше себичен и беше во целост фокусиран на тимот. Му посакувам што е можно побрзо да се адаптира на нашиот систем во ЦСКА“, изјави Рајковиќ.
Давидовац играше за Црвена Звезда од 2015 до 2022 година, период во која делумно играше и на позајмици во ФМП, Вршац Свислион и Пролетер Нафтагас. Тој е трикратен освојувач на АБА-лигата, има четири титули во српското првенство, две во Купот на Србија и една во Суперкупот на АБА. Беше дел и од репрезентацијата на Србија до 20 години, која во 2015 година дојде до европското злато во Италија.