Преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона за договор за играчот од средниот ред Френки де Јонг напредуваа и според извори блиски до англискиот клуб, сега веќе се гледа и финализацијата на трансферот.
Јунајтед не успеа со воведната понуда од околу 65 милиони евра да ги убеди Каталонците да им го продадат Холанѓанецот, но остана решен да постигне договор за да му обезбеди на Ерик тен Хаг нова квалитетна селекција за следната сезона.
Барселона бара 85 милиони евра за де Јонг, а последните информации од извори на „Олд Трафорд“ потврдија дека Јунајтед ја подобрил понудата на 80 милиони евра што е реално прифатлива за Каталонците.
Јунајтед го информирал Тен Хаг дека договорот за Де Јонг е пред реализација.