Никола Јокиќ со пируета како балетан ја отвори најатрактивната контра на Денвер Нагетс, на натпреварот против Бруклин (124-101). Србинот уште еднаш влезе во историјата на НБА како прв кошаркар кој забележал најмалку десет трипл-дабл учинок во седум сезони по ред.
Тој и на овој натпревар имаше потег со кој ја воодушеви јавноста и со кој одново го потврди својот огромен кошаркарски интелект. Противничкиот кошаркар мислеше дека може да му ја одземе топката на Србинот, но неговата брза реакција по уште побрзото размислување им овозможи на „нагетси“ да постигнат лесни поени од најдобрата акција на натпреварот, а можеби и во сезоната.
Јокиќ со пируета како балетан ја испрати топката до Мајкл Портер Јуниор, кој само му ја додаде на Арон Гордон за лесно забивање.