Борусија Дортмунд останува без главната ѕвезда затоа што Ерлинг Халанд си заминува и ќе се пресели во Манчестер Сити.
Пред последниот домашен натпревар во Бундеслигата, Халанд се прости од навивачите. Пред популарниот „жолт ѕид“ тој имаше емотивен момент, а навивачите му возвратија со скандирање на името и голем аплауз.
Ерлинг Халанд дојде во Дортмунд од тимот на Салцбург во 2020 година и премногу брзо стана миленик на публиката поради неверојатниот голгетерски инстикт.