Португалската звезда Кристијано Роналдо направи голем потег со што покажа дека е голем играч, но и човек и го почитува фер-плејот во фудбалот.

Португалскиот ас и неговиот Ал Хилал добија најстрога казна на дуелот со иранскиот Персеполис во азиската Лига на шампиони. Токму Роналдо беше срушен во казнениот простор и судијата веднаш покажа на белата точка.

Роналдо одлучи да ја покаже својата човечка големина, му пријде на судијата и му соопшти дека немало прекршок за пенал. Веднаш по сугестијата на Роналдо, судијата го поништи пеналот и ја додели топката на Персеполис.

 

https://twitter.com/i/status/1729267864715088277