Во натпреварот од 15. коло на германската лига, Аугсбург како гостин го совлада Келн со 2-0. Хан (72) и Дорш (88) им донесоа победа на гостите. Аугсбург е 14-ти, а Келн е деветти.
Посебно убав беше вториот гол, кој го постигна играчот од средниот ред Никлас Дорш и најави кандидатура за гол на сезоната во Бундеслигата.
Топката дојде до Дорш на околу 40 метри од голот, тој малку турна пред него и веднаш испука во блискиот агол на немоќниот голман на гостинската екипа.