Барселона и Еспањол ремизираа 1:1 во каталонското дерби, а шоу на теренот направи судијата Антонио Матеу Лахоз. Овој шпански арбитар е познат по тоа дека сака да „дели“ многу жолти и црвени картони, па денеска на „Камп Ноу“ покажа вкуно 15 жолти и два црвени картони. Со овој биланс, Лахоз го сруши сопствениот рекорд по бројот на покажани јавни опомени на еден меч од шпанското првенство.
Лахоз беше прилично мирен до 73 минута кога имаше само пет жолти картони, а тогаш досуди еден сомнителен пенал за Еспањол, по кој гостите израмнија на 1:1. Од тој момент, па до крајот на средбата, Лахоз покажа уште 10 жолти и два црвени картони.
Лахоз се „прослави“ и на Мундијалот во Катар кога на дуелот Холандија – Аргентина во четвртфиналето покажа дури 17 жолти картони и еден црвен картон.
Тоа значи дека на двата последни меча на кој тој ја делел правдата, Лахоз има покажано вкупно 32 жолти и три црвени картони.