Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја информира јавноста дека Дејан Станковиќ денеска поднел неотповиклива оставка од функцијата шеф на стручниот штаб.
Станковиќ се прости од сите во клубот и им се заблагодари за успешната соработка, а потоа ја објасни својата одлука:
„Црвена звезда е мојата огромна љубов, неопислива емоција. Сега по третиот обид да ја воведам во Лигата на шампионите, се чувствувам целосно празно, бидејќи не успеав да и дадам на мојата најголема љубов она што најмногу го посакував. Не можам понатаму да продолжам. Дадов се од себе. Сега некој друг треба да се обиде. За мене овие три години се најубавиот дел од фудбалскиот живот. Нешто што дополнително ме изгради, ме правеше подобар и подобар. Благодарение на играчите, управата и навивачите кои се одговорни за тоа.Секогаш ја чувствував нивната поддршка.Затоа ја донесов одлуката да заминам донесена во знак на благодарност и посакувам Црвена Звезда секогаш да биде најдобра.Ви благодарам на сите за прекрасното време поминато на Маракана.Верувам дека годините на успех се пред клубот, а јас останувам таму за мојата Звезда, секогаш со целото мое срце, бидејќи Звезда е живот, а останатото се ситници“, ја објасни својата одлука Дејан Станковиќ.
Дејан Станковиќ ја напушта функцијата шеф на стручниот штаб како освојувач на двојната круна и учесник во групната фаза од Лигата на Европа.