Во недела од 16 часот се игра големото финале меѓу Аргентина и Франција на СП во Катар, а ќе има вистинска инвазија од аргентински навивачи бидејќи над 50.000 луѓе се очекува да го следат натпреварот.
Лионел Меси в недела ќе има шанса да го освои трофејот кој му недостига во богатата колекција, а голем број аргентински фанови сакаат да бидат сведоци на тоа на стадионот.
Иако најголем дел од нив немаат билети за натпреварите, сепак се очекува да бидат пред стадионот каде што ќе ги следат возбудувањата од големото финале на Светското првенство.
https://twitter.com/scagliola_lucas/status/1603700310383501316?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1603700310383501316%7Ctwgr%5Eb24e7ece7f3221d516fd1e1cb1787fa26cd24ecc%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Finvazija-vo-katar-nad-50000-argentinci-kje-go-sledat-mechot-so-francija