Минатиот викенд во малтешката лига се одигра натпревар, којшто медиумите го нарекоа најсрамотен во историјата на кошарката.

Кога ќе се погледа како изгледала, описот делува и тоа како точен. Станува збор за едно од најголемите местења на натпревари, досега невидено на спортски натпревари.

Депиро и Хибернианс натпреварот го завршија со резултат 69:68 во корист на домаќинот, после што не постигнале ниеден кош во последните 6 и пол минути игра. Не затоа што кошаркарите не можеле да го погодат кошот, туку затоа што никој ниту пробал да шутира на кошот.

Шест и пол минути се играл натпреварот со губење на поседот на топката, при што топката како топчиња за флипер се одбивала по теренот, а никој не покажувал ниту трошка желба да ја фрли кон кошот. Навивачите на трибини се смееле зашто знаеле дека екипите го местат натпреварот за да дојдат до подобри позиции во доигрувањето. Сепак, таму нема да бидат.

Малтешкиот сојуз го поништил натпреварот и двете екипи експресно ги исфрлил од лигата. Исто така, двата клуба добиле казна одземање по три бодови за наредната сезона, а тренерите се суспендирани и нема да можат да ги предводат екипите во следната сезона. Играчите на двете екипи добиле по три натпревари суспензија заради сомнително однесување во последните шест минути.

https://twitter.com/byProfMert/status/1510344840638304256?s=20&t=BK1FkAz_ejUnzEGlvqVYsA