Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се врати во тимот на Абердин после тешката повреда што ја заработи на почетокот на јуни. Нашиот напаѓач се најде во првиот тим на пријателскиот наптревар против Чарлтон и веднаш се запиша во листата на стрелците!
Абердин има убедливо водство против Чарлтон од 1-3, а нашиот Бојан Миовски го постигна третиот гол за својот тим. Штипјанецот стрелаше во 33. минута и покажа дека не заборавил да постигнува голови и покрај тешкиот период што го имаше зад себе.
Абердин е пред самиот крај на летните подотовки, а новата сезона во шкотскиот Премиершип ќе ја стартува на петти август против екипата на Ливингстон. Нашиот репрезентативен напаѓач се враќа во солидна форма и се очекува повторно да биде главна алка во нападот на славниот шкотски клуб.
24-годишниот Бојан Миовски минатото лето пристигна во Абердин од МТК Будимпешта и беше еден од најдобрите играчи во тимот со шеснаесет постигнати голови.