Тренерот Ерик Тен Хаг со останатите предводници на Манчестер Јунајтед денеска ќе имаат состанок на кој ќе разгледаат како да го казнат Кристијано Роналдо поради неговото бомбастично интервју во кое го нападна стратегот и клубот, а меѓу можните казни се споменува и – отказ.
Еден од најдобрите адвокати во Велика Британија кои се заминаваа со спортски прашања, Дејвид Селигман, преку Твитер објави дека според неговата стручност „ѓаволите“ имаат основа веднаш да го прекинат договорот со Португалецот поради кршење на одредбите за меѓусебна доверба и сочувување на клупските тајни. Тој набрзо потоа го избриша твитот, но се погласно на социјалните мрежи се говори дека Роналдо ќе се соочи со отказ, што всушност и била негова цел со контроверзното интервју.
Ветеранот своите ставови ги искажа во разговор со Пирс Морган, кој целосно ќе биде објавен во два дела и тоа во среда и четврток, а само извадоците од интервјуто предизвикаа вистински земјотрес бидејќи во нив португалскиот репрезентативец ги напаѓа тренерот, клубот, управата, Вејн Руни и многу други.