Најдобрата македонска параолимпијка, Оливера Наковска-Бикова, оствари нов голем успех, откако дојде до златниот медал на Светското првенство (СП) во стрелаштво во Ал Аин (Обединети Арапски Емирати).
Таа беше најдобра во дисциплината П4-пиштол во слободен избор со резултат 216,5 кругови, односно 1,2 круга повеќе од второпласираниот.
Наковска-Бикова беше фантастична во квалификациите со оглед што испука 538 круга, што е нејзин најдобар резултат во кариерата.