„Нераѕурите“ после шокот во средата со Болоња и неочекуваниот пораз со 1-2 се вратија на победничкиот колосек за да ја вратат достижната негатива од два бода во однос на Милан, но до крајот интеристите ќе мора да навиваат за ривалите на „росонерите“ за да им помогнат во шампионската трка, а притоа да ги остварат завршните три победи.
Иван Перишиќ после 12 минути игра донесе водство, а Лаутаро Мартинез во 39-та од втора по пеналот ја дуплираше предноста и практично ја обезбеди победата, 22-ра сезонава за првакот, кој сега има 75 бода, а Милан е пред нив со 77.
Удинезе на 18 минути пред крајот ја врати неизвесноста со гол на Пусето, но црно-белите за кои Илија Несторовски остана само резерва немаа шанси за да го шокираат првакот, па останаа по овој пораз сигурни на средина од табелата со 43 бода на 12-та позиција на табелата.