Фудбалерите на Штутгарт се спасија од елиминација во осминафиналето од Купот на Германија на спектакуларен начин, со пресврт во последните минути од мечот, а до 85-тата губеа со 0-1.
Второлигашот Падерборн, поведе благодарение на смешен автогол на фудбалерите на Штугарт уште во третата минута. Попрецизно, Гркот Мавропанос го совлада сопствениот голман, откако му врати неочекувана топка од 50 метри далечина.
Пресвртот започна дури во 86. минута, кога Жил Дијаш изедначи на 1-1, а дури во 95.тата, интернационалецот од Гвинеја, Гираси ги постави конечните Падерборн – Штутгарт 1-2.
Второлигашот Падерборн беше на прагот да приреди сензација и да го елиминира Штутгарт.