Американскиот тенисер Томи Пол, 52. на АТП-листата, ја освои првата титула во кариерата победувајќи го Денис Шаповалов во Стокхолм .
Американецот Томи Пол е победник на АТП тенискиот турнир во Стокхолм откако го победи победникот на овој турнир од 2019 година, Канаѓанецот Денис Шаповалов со 6:4, 2:6, 6:4.
За 24-годишниот Пол ова е прва АТП титула до која стигна во првото финале во кариерата, додека 22-годишниот Шаповалов остана само на трофејот пред две години во Стокхолм. Ова беше негов трет последователен пораз во финале, по Париз во 2019 година и Женева претходно оваа година.
Пол го започна мечот многу подобро и го зеде првиот сет против третиот носител на турнирот, но потоа следуваше период на подобра игра на Канаѓанецот кој возврати со 6:2, а потоа во третиот при 4:3 имаше две брејк топки.
Но, Пол спаси 15:40, а потоа сам направи брејк и со 6:4 дојде до победата и својата прва титула од 52. место на АТП-листата.
АТП Стокхолм, финале:
Томи Пол (САД) – Денис Шаповалов (Канада, 3) 6: 4, 2: 6, 6: 4