Со триумфи на домашните селекции заврши првиот ден од Светското првенство во одбојка.
Светскиот првак Полска предводена од клупата од Никола Грбиќ ја совлада Бугарија со 3:0 во Катовице во групата Ц, додека Словенија со истиот резултат го совлада Камерун во Љубљана во групата Д.
На крилата на публиката Полјаците беа убедливи против Бугарите, а резултатот беше 25:12, 25:20 и 25:20.
Семењук постигна 16 поени за Полска, Курек додаде 13. Кај Бугарија Соколов имаше девет поени.
Во оваа група Ц претходно денеска селекцијата на САД беше подобра од Мексико.
Словенија очекувано лесно го совлада Камерун. Во сетови беше 25:19, 25:23 и 25:21.
Штрен постигна 18 поени, а Чебуљ 11 за победниците. Воукенг постигна 11 поени за Камерун.
Претходно денеска во оваа група Д Франција ја совлада Германија со 3:0.