Ајакс прв постигна гол на мечот преку Кудус во деветтата минута од дуелот, но потоа следеше целосен распад на домаќините, откако Наполи почна да ја полни мрежата. Најпрво Распадори погоди за 1-1, а до крајот на првите 45 минутипогодија и Ди Лоренцо и Зиелински.
Голеадата продолжи во вториот дел кога Распадори зголеми на 4-1, а Кварацкелија погоди за 5-1 и тука стана јасно дека Ајакс нема што повеќе да бара во натпреварот.
Дополнителен проблем за Ајакс беше тоа што капитенот Тадиќ доби црвен картон, откако со лакт го удри Елмас во лицето, по што Симеоне ја запечати нивната судбина и ги постави конечните 6-1.