Големиот Пари Сен Жермен со пораз на домашен терен (2-3) од Клермон се опрости од Лионел Меси, Серхио Рамос и Кристоф Галтие, кои нема веќе да бидат дел од парискиот клуб.
Серхио Рамос го отвори резултатот во 16.минута, а пет минути подоцна Килијан Мбапе погоди од пенал и голот му го посвети на Серхио Рико.
Потоа следуваше целосен пресврт и гостите стигнаа до голема победа над шампионот.
Клермон израмни до крајот на првиот дел. Гастиен намали во 24.минута, а откако Кеи не реализира пенал, израмнувањето го донесе Зефане.
Сепак, Греџон Кеи беше стрелец на победничкиот гол за Клермон во 63.минута.
Ленс го победи Оксер на гости со 1-3 и во конечниот поредок има само бод помалку од ПСЖ на втората позиција на табелата. За Оксер овој пораз значеше и испаѓање од елитата, откако Нант славеше дома против Анже со 1-0.