Раководството на Формула 1 објави дека трката за Големата награда на Катар е вклучена во овогодинешниот календар и дека ќе возат на патеката „Лосаил“, која беше отворена во 2004 година .
Првата Формула 1 трка во Катар ќе се вози на 21 ноември.
– Катар покажа добра волја да помогне во долгорочната организација на Формула 1 и постигнат е договор за десетгодишна соработка, стои на веб-страницата на Формула 1.
Годинешниот календар на Формула 1 исто така ги бклучи трките во Турција, САД, Мексико, Бразил, Саудиска Арабија и Абу Даби.
Поради Светското првенство следната година, нема да има трка во Катар.