Спектакл и вистинска голеада имаше во Аугсбург а и во Бундес лигата. Екипите на Аугсбург и Борусија Менхенгладбах постигнаа дури осум голови а гостите во 98-та минута се извадија од пораз за реми 4-4 после страшното полувреме со шест гола (3-3). Дербито на колото во Леверкузен го доби Баер со победа од 3-2 против освојувачот на Суперкупот, РБ Лајпциг.
Иако Менхенгладбах двапати поведуваше, имаше и два гола предност по нешто повеќе од пола час игра, откако Итакура (13.), Кванкара (27.) и Нгому (37.) дадоа голови, Аугсбург до полувреме успеа да се врати после првиот гол на Реџбечај (29.) за прво израмнување на дуелот, а потоа на Бауер во 44-та и Михел во 45+7-та минута.
Варгас на 14 минути пред крајот со четврти гол направи комплетен пресврт и кога натпреварот влезе во судиското надполнување, ВАР во 97-та минута одлучи дека има пенал за Менхенгладбах, а Кванкара со втор гол на мечот обезбеди бод.
Иако Лајпциг го здроби Баерн пред една недела во Суперкупот, Леверкузен го најде „лекот“ за биковите, па Фримпонг и Тах во првиот дел ја најавија победата, а Флоријан Вирц ја завери после еден час игра. Лајпциг само двапати успеваше да се врати во натпреварот, во првиот дел намали со гол на Дани Олмо, а новото напаѓачко засилување Луис Опенда даде втор во 71-та, негов прв во новиот дрес, но сето тоа недоволно за биковите да останат непоразени.
Штутгарт убедливо тргна во новата сезона со „петарда“ за Бохум и триумф со 5-0 со по два гола на Гирасај и Силас, а еден на Загаду.
Победнички старт имаше и Волфсбург со 2-0 против Ханденхајм, единствениот меч на кој немаше најмалку три гола во овие мечеви. Јонас Винд со два гола за пола час ја обезбеди победата.
Фрајбург со 2-1 славеше како гостин во Хофенхајм.