Добри вести од Молдавија. Бобан Николов го направи вториот Ковид-19 тест и е негативен. Бобан веќе е на пат за Македонија за да му се стави на располагање на селекторт Благоја Милевски.

Фудбалерот на Шериф Тираспол вечерва треба да пристигне во Скопје и утре да се појави на првиот собир на репрезентативците во пресрет на септемврискиот квалификациски циклус.

Во овој мини-циклус на 2 септември отвараме со Ерменија дома, три дена подоцна му гостуваме на Исланд, а на 8 септември дома ја дочекуваме Романија.