Кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс, Зајон Вилијамсон се најде во тешки проблеми затоа што порно актерката Мориа Милс се закани дека ќе објави секс-снимки во јавност.
Милс вели дека има секс-снимки со кошаркарот и си ги побара парите кои ѝ ги должи Вилјиамсон, а ако не ѝ ги исплати, тогаш видеата ќе се појават на Твитер.
Проблемите за кошаркарот почнаа откако Вилијамсон објави дека неговата девојка е бремена пред две недели, по што актерката неколку пати го нападна и му се закани.