Четвртиот тенисер во светот Стефанос Циципас доживеа болен пораз.

Гркот загуби од Русинот Роман Сафијулин, 163. играч на планетата, во два сета – 6:4, 6:4 во четвртфиналето на турнирот во Марсеј.

Циципас беше поставен како прв носител во Марсеј, но неочекувано рано отпадна од комплетен аутсајдер.

Доживеа два брејка, по еден во двата сета, а беше поразен по час и половина игра.

Нов неуспех за Циципас, откако минатата недела загуби во финалето во Ротердам од Феликс Огер-Алиасим.

Канаѓанецот би можел да биде следниот ривал на Сафијулин, под услов да ја оправда улогата на фаворит против Илја Ивашка.