Сeрхио Агуеро (33) беше принуден да ја заврши својата играчка кариера на крајот на минатата година, откако во Барселона му беа дијагностицирани сериозни проблеми со срцето. Само три месеци по болното збогување, Агуеро објави дека се враќа во својот омилен спорт во нова улога.
„Одам на Светското првенство во Катар. Ќе имаме состанок оваа недела, сакам да бидам таму. Идејата е да бидам дел од стручниот штаб на аргентинската репрезентација, веќе разговарав за тоа со селекторот Скалони“, изјави легендарниот напаѓач за аргентинското радио 10.
Играчката кариера на Серхио Агуеро беше збогатена со трофеи и голови. Тој освои два трофеи со Атлетико Мадрид и 15 со Манчестер Сити, како и Копа Америка со Аргентина. Своето патување го започна во Индепендиенте, а го заврши во Барселона. Во текот на кариерата постигна 385 гола на 685 официјални натпревари.