Никола Јокиќ игра во неверојатна форма и ноќеска го оствари третиот трипл-дабл по ред.
Денвер го победи Голден Стејт со 119-103, а Србинот го оствари 18. трипл-дабл сезонава и вкупно 124. во кариерата, постигнувајќи 32 поена, 16 скока и 16 асистенции. Со тоа стана првиот кошаркар во историјата кој на три натпревари во низа имал најмалку 14 скока и 14 асистенции, а во исто време е прв кошаркар во постоењето на НБА со статистика 32/16/16 и 4 украдени топки.
Голден Стејт водеше речиси цело прво полувреме и имаше највисоки +16 (56-40), но поради серијата од 14-0 на Денвер, на пауза се замина со нерешен резултат (61-61). Заедно со стартот на третиот квартал, серијата се искачи на 28-4 за +10 за Нагетс во тој период, но решавачка беше последната четвртина која му припадна на гостинскиот тим со 28-16 за конечна убедлива победа.
Покрај Јокиќ, се истакна уште Мареј со 27 поени, додека во тимот на Голден Стејт, Томпсон постигна 23 поени, Кари 20 и Куминга 19 поени.