Португалската легенда Кристијано Роналдо ќе биде предмет на истрага од страна на Саудиската професионална лига. Синоќа тој уште еднаш ја покажа својата врвна класа и постигна гол на деветтиот последователен меч, за Ал-Наср да се доближи на четири бода од лидерот Ал-Хилал.

Роналдо го отвори резултатот во втората минута од пенал, но Јаник Караско израмни во продолжението во вториот дел. Талиска стана херој за Ал-Наср, кој со два гола во вториот дел донесе победа на тимот.

Роналдо по натпреварот отиде да им честита на соиграчите за успехот, но видно го изнервираа извиците „Меси, Меси“ кои се слушаа од трибините. Прво демонстративно покажа кон своето уво, а потоа со уште едно движење на раката кон своите обожаватели и пределот на препоните.

Токму тоа е причината поради која ќе биде отпочната истрага од Саудиската професионална лига.