Без победник заврши едно од двете дербија од 13. коло во Премиер лигата.
Гостите поведоа во 50. минута по големата грешка на инаку одличниот Жоргињо. Играчот на Челзи загуби чиста топка во центарот на теренот, со што му овозможи контра на Џејдон Санчо, кој потоа лесно постигна гол.
Ова е прв првенствен гол за крилниот напаѓач за кого Јунајтед летово и плати 85 милиони евра обештетување на Борусија Дортмунд.
Беше досуден пенал во 69. минута откако Арон Ван-Бисака го собори Тиаго Силва во шеснаесетникот на гостите. Жоржињо погоди за конечни 1:1.
Standings provided by SofaScore LiveScore