Кошаркарите на Реал Мадрид се шампиони на Шпанија.

Реал Мадрид ја победи Барселона со 81:74 во четвртиот натпревар од финалето на АЦБ лигата.

Реал така стигна до 36-та титула во шпанското национално првенство. Тоа е и прва титула за Реал по 2019 година.

Првата четвртина беше исклучително тешка, бидејќи беа постигнати само 23 поени, а Реал на малиот одмор замина со предност од 13:10.

Во вториот дел Реал заигра многу подобро – кошаркарите предводени од Чус Матео од клупата во отсуство на Пабло Ласо направија разлика од 13 поени на средината од втората четвртина.

Сепак, Барса се врати и на полувремето минималното водство на Мадрид беше 34:33.

Во третата четвртина Реал имаше постојана предност до крајот на четвртината, кога Барселона првпат поведе на овој натпревар.

Тогаш судиите досудија неспортски фаул на Ник Калатес и Реал повторно дојде во водство.

На почетокот од решавачката четвртина Барса целосно падна во играта, а тоа го искористи Реал, па предноста на мадриѓаните порасна – Барселона беше без шанси, на радост на навивачите на Реал.

Клучните поени ги постигна Фабиен Козер на минута пред крајот, кога погоди тројка за 6 поени предност.

Реал до победата го предводеше феноменалниот Валтер Таварес со дабл-дабл учинок – 25 поени и 13 скока.

Го следеше Фабиен Козер, кој повторно одигра одлично во клучните моменти. Францускиот кошаркар на овој натпревар постигна 17 поени.

Во редовите на Барселона Миротиќ беше најдобар со 14 поени, а одличен натпревар одигра Ник Калатес кој постигна 12 поени со девет асистенции.