Пред вчерашниот натпревар помеѓу Евертон и Манчестер Сити на Гудисон Парк, направена е фотографија која се наоѓа на насловните страници на многу светски медиуми. Двајца украински фудбалери Виталиј Миколенко (Евертон) и Олександр Зинченко (Сити) со солзи во очите се прегрнуваат.

Откако излегол да се загрева пред натпреварот, Зинченко го здогледа сонародникот од ривалскиот тим и веднаш се упати кон него. Следеше прегратка во центарот на теренот. Да додадеме дека пред почетокот на вчерашниот натпревар од 27. коло на Премиер лигата, двете екипи беа покриени со украински знамиња и со тоа и дадоа поддршка на Украина. Миколенко и Зинченко не можеа да ги сокријат солзите.

https://twitter.com/sportbible/status/1497620190338723844?s=20&t=ZbVSq3R3TvBqRexSBrMmFA