Убедлива победа на Новак Ѓоковиќ над Стен Вавринка во 3. коло од Рим
Новак многу лесно стигна до четвртфиналето. Швајцарецот немаше никакви шанси, па мечот заврши во само 75 минути – 6:2, 6:2.
Задоволен е како Ѓоковиќ изгледа на теренот. Се чини дека формата е блиску до максимум, а знаеме како поминува тогаш секој што ќе му се најде на патот.
Секако овој меч не е мерило за тоа што го очекува Ноле до финалето на Рим и на Ролан Гарос. Вавринка е на 361. место на АТП листата, и не е доволно физички подготвен за натпревари со најдобрите светски играчи.
Новак во следното коло ќе игра со Оје-Алијасим, осмиот носител. Интересно, ова ќе биде нивни прв меѓусебен натпревар.