Секој ден има се повеќе вести поврзани со сапуницата за Килијан Мбапе и неговиот наводно договорен трансфер во Реал Мадрид. Ситуацијата се менува од час во час, секогаш во зависност од тоа како медиумите ја толкуваат ситуацијата. Согласно ова Мбапе сигурно сто пати потпишал за Реал и сто пати останал во ПСЖ, но приказната се уште не е завршена.
Нови детали од оваа сага понуди мајката на францускиот фудбалер Фајза Ламари која е активно вклучена во сите преговори во кои учествува и нејзиниот син. Ламари шокираше со „откривањето на правата вистина“, наведува денеска Марка, која детално објави за потенцијалното доаѓање на Мбапе во Мадрид.
“Килијан има две понуди. Едната е од ПСЖ, другата од Реал Мадрид. Тие се речиси идентични. Мојот син во Реал сигурно ќе има целосна контрола над сите негови комерцијални права, без разлика што се пишува во медиумите. Сепак, таа одлука мора прво да се донесе од раководството од мадридскиот клуб. Чекаме одлука. Килијан ќе избере што сака“, изјави Ламари за Кора Плус.
“Нема да имаме состаноци за да разговараме за иднината на мојот син, сите состаноци се завршени.Добивме понуда и од Реал Мадрид и ПСЖ, преговорите се завршени. Сега се е до Килијан, тој треба да избере каде ќе ја продолжи кариерата”. рече Ламари..
Атлетик вчера објави дека францускиот шампион му понудил на Мбапе договор на три сезони, но не ги објави деталите за платата. Тие беа објавени од шпанскиот El Chiringuito, а слично тврди и од англискиот Daily Mail.
Мбапе треба да игра за плата од околу 5 милиони евра месечно или околу 60 милиони евра годишно. На ова треба да се додаде и бонусот од 100-120 милиони евра што клубот му го нуди за продолжување на договорот, а потоа и парите што би му дошле од маркетиншки права и преку бонуси за достигнувања на теренот.