ОФК Београд приреди големо изненадување откако со 3:2 славеше победа над Партизан во дуел од 8 коло на српската Суперлига. По овој триумф ОФК Београд се искачи на второто место на табелата со 16 бодови, три помалку од лидерот Црвена ѕвезда која има 19 бодови од седум одиграни средби. Партизан остана на 11 бодови од шест дуели.
Поразот на Партизан е шокантен ако се знае дека црно-белите водеа со 2:1 до 86 минута. Потоа ОФК израмни на 2:2 со гол од пенал, а арбитарот потоа покажа дека ќе се играат дополнутелни пет минути судиско надополнување.
Ова беше натпревар кој долго ќе се памети и по фактот што екипата на Партизан имаше поддршка од нова навивачка група формирана од управата на клубот со оглед што Гробари ги бојкотираат поради нивната лоша работа. А, доказ за хаосот во српскиот фудбал е и тоа што тимот од ОФК Београд, кој е еден од најстарите од српската престолнина, својот меч како домаќин го играше во – Зајечар.Во 95 минута и 17 секунда, односно во последниот напад, ОФК со голот на Стојилковиќ стигна до 3:2 и победа над фаворитот.
Во следното коло Партизан на свој терен ќе игра против вечниот ривал Црвена ѕвезда.