Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ по подолг период повторно стрелаше во Турција Суперлига и го даде првиот погодок во 2022 година.
Центарфорот постигна гол за Гезтепе во ремито на гости кај Газијантеп. Јаховиќ се запиша во листата на стрелците во 92. минута, ама неговиот тим не успеа да издржи до крајот.
Газијантеп во 96. минута преку Фигуеридо изедначи на 1-1, а три минути подоцна домашните имаа и пенал кој не го искористи Демир и мечот заврши без победник. Гезтепе е претпоследен на табелата и тешко дека ќе се спаси во Суперлигата.
За Јаховиќ ова беше прв гол по 14 средби на кои немаше дадено погодок. Македонецот има вкупно пет гола оваа сезона во Суперлигата.