Фудбалерот на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку е прогласен за најдобар играч во Бундеслигата за сезоната 2021/2022.

Нкунку имаше одлична сезона во Бундеслигата оваа сезона. Тој ги одигра сите 34 натпревари и постигна 20 гола.

Покрај тоа, тој подели 15 асистенции и четири пати беше прогласен за играч на месецот.

Ова е прв пат во историјата еден играч да ја добие оваа награда четири пати.

Нкунку дојде во Лајпциг во јули 2019 година и потпиша петгодишен договор со германскиот тим, откако не успеа да се избори за постојано место во ПСЖ.

Нкунку играше многу добро и минатата сезона, но оваа сезона експлодираше. Тој го предводеше Лајпциг до четвртото место на табелата во Бундес лигата и учество во Лигата на шампионите следната сезона.

https://twitter.com/RBLeipzig_EN/status/1526201712461201409?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1526201712461201409%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D05dd%3D16nav_id%3D2155646