Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ би можел да го пропушти претстојниот Евробаскет.
Европското првенство во кошарка ќе се одржи во Германија, Чешка, Италија и Грузија во 2022 година и ќе трае од 1 до 18 септември.
Србија би можела да биде доста ослабена на тој шампионат бидејќи шампионатот би можел да го пропушти еден од главните играчи.
Кошаркарот на Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ, има проблеми со повреда на коленото и најверојатно ќе изврши рутинска операција летово во паузата меѓу двете сезони.
Богдановиќ се повреди на крајот од сезоната, но успеа да одигра до крај, па ќе видиме како ќе изгледа неговото лето и дали ќе може да одговори на репрезентацијата поради неговото здравје .
Србија е во групата Д заедно со домаќинот Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија