Четирикратната гренслем шампионка Наоми Осака е елиминирана на стартот на Ролан Гарос.
Јапонката беше поразена во два сета од Американката Аманда Анисимова со 7:5, 6:4.
Осака ја продолжи серијата лоши резултати во Париз бидејќи најдобар пласман останува третото коло кое го одигра во три наврати – 2016, 2018, 2019 година.
Натпреварот започна со размена на брејкови, Осака успеа двата пати да го врати загубениот сервис, а Анисимова со третиот брејк го реши првиот сет за 7:5.
Во вториот сет тенисерките сервираа многу посигурно, Осака спаси две брејк топки во третиот гем, но не успеа да одолее во седмиот.
Беше блиску до брз брејк, но не искористи три шанси, по што Анисимова дојде до 5:3.
Американката не искористи две меч топки при 5:4, но потоа испрати моќен форхенд по линија и стави точка на натпреварот.
Полуфиналистката од 2019 година во второто коло ќе игра со Хрватката Дона Векиќ, која во првото коло во два сета ја победи квалификантката Мирјам Бројклунд.