Рајо Валјекано ја прекина лошата серија од три натпревари без победа откако денеска славеше против Кадиз со убедливи 5-1 во 11. коло од шпанската Ла Лига.
За гостите сè тргна во неповрат во 42. минута, кога добија црвен картон, по што до крајот на првото полувреме примија два гола од Палазон и Гарсија (2-0).
Рајо вршеше притисок и во вториот дел, а Кадиз доби ново исклучување, откако Алкараз заработи два жолти картони за девет минути, по што паднаа уште два гола во мрежата на Кадиз.
Во продолжение од мечот Балиу си постигна автогол за 1-4, но сепак Рајо преку Флориен Ложен погоди за конечни 5-1.
Димитриевски речиси и да немаше работа на голот на Рајо, па успешно ја зачува мрежата, а Рајос со победата се искачи на 10. место и сега има 15 бодови.