Актуелниот европски шампион Челси се наоѓа во исклучително тешка ситуација откако на нивниот сопственик Роман Абрамович му беше забрането да остане во Англија и да раководи со клубот. На „сините“ им е забрането да ги обновуваат договорите со играчите и да носат засилувања. Хаотичната ситуација во Челси ќе се обиде да ја искористи Јувентус и да доведе дури четворица играчи од Лондон во Торино.

Според најтиражниот италијански спортски весник „Газета дело спорт“, Јувентус им фрлил око на Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеч, Антонио Рудигер и на Жоргињо.

Договорот на стоперот Рудигер истекува на крајот на оваа сезона, на играчот од средниот ред Жоргињо во летото 2023 година, додека крилниот напаѓач Пулишиќ и Зијеч имаат долгорочни договори со лондонскиот премиерлигаш.