Синоќешниот натпревар помеѓу Лориент и ПСЖ кој заврши со реми (1:1) нема по добро да го памети шпанскиот интернационалец Серхио Рамос.
Тој годинава поради повреди пропушти многу натпревари а ова му беше трет во Француската Лига 1.
Во 86. минута заработи втор жолт картон и мораше предвреме да ја напушти играта. Иако важи за “валкан” играч и во минатото знаел да направи многу погруби прекршоци се чини дека овој пат престрого го доби првиот црвен картон откако дојде во Франција.