Синоќа Наполи доживеа непријатно изненадување на домашен терен од екипата на Специа.
Иако по триумфот на гости кај Милан се очекуваше лесна победа, Специа победи со 0:1 без да упати ниту еден удар кон голот на Наполи.
Одлучувачки беше автоголот на Хуан Жезус во првиот дел од мечот.
Елмас многу доцна доби шанса за настап и влезе во игра во 78. минута но сепак беше забележителен на теренот и за малку не успеа да спаси бод во судиското продолжение.
При еден центаршут со глава упати неодбранлив удар и голманот беше совладан но за жал топката заврши само во пречката.