Девојката на Мејсон Гринвуд сподели фотографии од нејзините повреди на Инстаграм и објава во која тврди дека тој е оној кој и ги нанел тие повреди. На една од овие фотографии се гледа како крв и тече од устата, сè до градите.

Заедно со таа фотографија, Хариет Робсон напиша текст во кој ја обвини ѕвездата на Манчестер Јунајтед за повредите. Покрај оваа повреда, таа објави и фотографии од модринки на рацете, нозете и телото, како и онаа на која плаче, но и звучна снимка од расправија на која се слуша како некој и се заканува.

„Крени ги нозете“, се слуша машки глас на снимката.

„Не, не сакам секс“, одговара девојката.

„Не ми е гајле што сакаш. Ќути“, одговара машки глас, а потоа повторно се слуша нејзината огорченост која прашува зошто ја тера да има секс што таа не сака.

“Затоа што убаво те прашав, а ти не се согласи. Убаво те прашав а ти не сакаше. Што друго да правам? Турни ме уште еднаш и ќе видиш што ќе се случи со тебе”.

Од Манчестер Јунајтед потврдија дека знаат за обвинувањата, но и дека нема да ги коментираат додека не се утврдат сите факти кои во моментов ги проверува полицијата.