Ајнтрахт со 2-1 славеше во Шпанија кај Бетис во меч на кој бундеслигашот можеше да биде и поубедлив, ако Боре не промашеше пенал во вториот дел, а го одбележа мајсторскиот гол на Србинот Филип Костиќ, кој ја најави победата, а со голот на Камада во 32-та беше остварена победата. Бетис преку Набил Фекир во 30-та само еднаш успеа да се врати во мечот.
Лукас Пакета со гол по еден час игра го освои „Драгао“ и тој гол го реши Порто за голем триумф на Лион против двојниот европски првак, со кој сега Французите имаат огромна предност и на домашниот терен во реваншот идната недела за да одат во следната фаза и меѓу најдобите осум во Лига Европа.
Порто успеа да даде гол во петтата минута од судиското надополнување преку Мбемба, но ВАР поради офсајд ги спречи Португалците да избегнат пораз.