Фудбалерите на Наполи славеа убедливо на гостувањето кај Сампдорија со резултат 4: 0, во натпреварот од петтото коло во Серија А.

Екипата на Лукани Спалети се прошета низ Џенова и лесно стигна до нова победа, со што го задржа максималниот учинок.

Наполи е прв на табелата со 15 бода и има два повеќе од ривалите Интер и Милан.

Виктор Осимен погоди двапати, во 10 и 50 минута, Фабијан Руиз во 39 минута, и Пјотр Зиелински во 59 минута.

Одличен настап имаа и Лоренцо Инсиње и Ирвин Лозано, кои запишаа по две асистенции.

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=rgI0TPRe164

Во истиот термин Торино и Лацио одиграа нерешено – 1: 1.

Водечкиот гол го постигна Марко Пјаца во 76. минута, со глава по центаршутот на Синго, а конечниот резултат го постави Чиро Имобиле во самиот финип од пенал.

Ељиф Елмас влезе вo игра во 68 минута од натпреварот кога го замени Зиелински .

Серија А, 5 коло:
Сампдорија – Наполи 0: 4 (0: 2)
Осимен 10, 50, Руис 39, Зjелински 59
Торино – Лацио 1: 1 (0: 0)
Пјаца 76 – Имобиле 90 + 1 п
20:45 часот Рома – Удинезе