Македонските футсал надежи до 19 години во квалификациите, ремизираа 3-3 против фаворитот Германија во натпревар каде можевме да стигнеме и до победа.
Германија имаше 2-0 после само 68 секунди од мечот, но потоа на сцена стапија Никола Анчевски и Павел Русевски.Нашите надежи со велемајсторски потези постигнаа два прекрасни голови.
Анчевски во 2:28 минута со прекрасен ролинг ги зашемети Германците и погоди за намалување на предноста.
Русевски само 18 секунди подоцна имаше уште поголема мајсторија во акцијата па даде гол со петица.
Македонските футсал надежи успеаја да го свртат натпреваротот по девет секунди во вториот дел со втор гол на Анчевски, кој на крај ќе излезе и трагичар зашто не победивме, бидејќи промаши пенал во 34:33 минута, пет минути откако Германија израмни.
Следен меч на Македонија во групата е дуелот со Косово