Јусуфа Мукоко фудбалерот на Борусија Дортмунд е пред вратите на Барселона, тврди каталонски „Спорт“. Истиот извор наведува дека Челси се откажал од 18-годишниот германски талент кој сѐ уште не го продолжил договорот со Борусија Дортмунд и наводно е многу заинтересиран да дојде во Барселона.

Мукоко со одличните игри го привлече вниманието на најсилните европски клубови кон себе. Тој ќе стане слободен играч на крајот од сезоната.

Младиот талент Мукоко одби понуда од 6 милиони евра годишно за да остане во Борусија Дортмунд, а од Барселона бара најмалку 7 милиони евра.

За него се интересира и Њукасл, кој исто така нема проблем со финансиите.